Search

Аеродромци ќе добијат нов паркинг во близина на „Мајчин дом“

Деновиве започна реализација на нова инфраструктурен проект во Аеродром. Станува збор за паркинг простор во непосредна близина на „Мајчин Дом” на површина од 1300 метри квадратни и капацитет за паркирање на 60 возила. Инвестицијата вклучува асфалтирање на паркинг просторот, уредување на зеленилото и партерно уредување на околниот простор.

Најавувајќи реализација на неколку нови инфраструктурни проекти градоначалник Тимчо Муцунски потенцираше дека секоја седмица, носи реализација на нов инфраструктурен проект во Аеродром.

„Вака ја започнавме 2023 година, со истото темпо продолжуваме и денес, утре и во текот на пролетта. Ова се проекти кои го олеснуваат живеењето и кој ја прават општината многу поубава. Посветеноста за нивната реализација ја гледаме во фактот дека ова се проекти кои го олеснуваат живеењето и кои ја прават општината многу поубава.”, истакна Муцунски.

Тој додаде дека почетокот на реализацијата на оваа инвестиција значи решавање на еден важен проблем, но исполнување на едно важно ветување дадено пред граѓаните.

Наскоро, односно само за неколку недели жители од овој дел на Аеродром ќе добијат современ паркинг простор кој сериозно ќе го олесни паркирањето и пристапот до домовите на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави