Интер наместо да биде и биде домаќин на Бенфика во првата четвртфинална средба од фудбалската Лига на шампионите, ќе мора да гостува во Португалија и на свој терен евентуално да го решава патникот во полуфиналето. Ваквата рокада веднаш по ждрепката за двојките во завршницата од елитното клупско натпреаврување во Нион ја направи УЕФА.
Причината е тоа што по двојката Интер – Бенфика беше извлечено дека Милан ќе му биде домаќин на Наполи. Двете екипи од Милано играат на стадионот „Џузепе Меаца“ или популарно наречен „Сан Сиро“.
Според правилата на УЕФА, еден ист стадион смее да се користи за втор натпревар во рок од 24 часа, а со оглед дека четвртфиналните средби ќе се играат на 11 и 12 април, невозможно е и двете екипи од Милано да бидат домаќини.
Во ваква ситуација, предност добива екипата која котира повисоко, а со оглед дека Милан е актуелен шампион на Италија, тој остана домаќин, а Интер прво ќе гостува во Лисабон, па потоа реваншот ќе го игра дома.