Search

Спасовски: MВР ќе ги усогласи платите на техничкиот персонал согласно Законот, полициските службеници и сега имаат поголема плата од минималната

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својата страница на Фејсбу објави дел од денешната прес конференција по повод потпишувањето на Меморандум за соработка со Државниот инспекторат за труд, а се однесува на платите на вработените во институцијата.

„Во МВР во делот на полициските службеници, тие имаат и сега поголема плата од минималната плата којашто е сега. Секако дека за техничкиот персонал кој е вработен во МВР, а станува збор за мал број на лица, тоа ќе го усогласиме и спроведеме врз основа на Законот за минимална плата“, изјави Спасовски во одговор на новинарско прашање.

„Во рамки на МВР правиме проценки за тоа за да можеме во наредниот период да имаме линеарно зголемување на платите, со што би се одвоил тој технички персонал практично со минимална плата, визави полициските службеници, од најнискиот чин па се до највисоките чинови во МВР. И во тој дел заедно со Македонскиот полициски синдикат разговараме и сметам дека во најскоро време можеме да излеземе со конкретна одлука“, истакна Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави