Search

Огромна победа за Партизан во Истанбул, Ефес може да остане без плејоф во Евролигата!

Феноменално одиграната последна четвртина, му помогна на Партизан да извојува многу значајна победа на гостувањето кај Анадолу Ефес.

Со овој триумф од 97-84, белградските Црно-бели направија голем чекор кон обезбедување место во плејофот, а Пиварите од Истанбул кои се актуелни европски прваци, ќе имаат мака да влезат меѓиу осумте најдобри кои ќе разигруваат за трофејот.

Ефес првата четвртина ја доби со 23-11, но потоа проработе нападот на Партизан, кога беше најпотребно погодуваа, а противникот не го следеше тој ритам, па српскиот тим е блиску до место во плејофот.

Треба да знаете
Последни објави