Search

Ѓоковиќ ќе настапи на мастерсот во Монте Карло

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на листата учесници на мастерс турнирот во Монте Карло што ќе се одржи од 9. до 16. април.

Ѓоковиќ го пропушти мастерсот во Индијан Велс бидејќи не му беше дозволен влез во САД, а, најверојатно, од истите причини нема да настапи ниту на турнирот во Мајами кој започнува на 22 март.

На листата учесници на мастерсот во Монте Карло се Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас, Каспер Руд, Тејлор Фриц и Александер Зверев.

Турнирот во Монте Карло изминатите две години го освојуваше Циципас, а Ѓоковиќ на овој турнир има две титули во кариерата (2013 и 2015).

Треба да знаете
Последни објави