Search

Се разоткрива кој стои зад ликвидацијата на Ранко Радошевиќ – Ескобар

Зад смртта на Ранко Радошевиќ Ескобар стојат членови на криминалната група „Врачарци“. Марко Пјановиќ, кој е вечерва уапсен во Бјелина неколку пати се сретнал со Ескобар, наводно за да договори набавка на блиндиран автомобил за пријател, пишува Новости.рс

Како што дознава Блиц рс, пак, целата екипа која била уапсена била составена и ангажирана од Л. П. од Карабурма, кој е во бегство.

Л. П. е осомничен дека налогот го добил од Никола Вушовиќ Џони, по кого е распишана и потерница. Се истражува кој е главниот нарачател на убиството.

Постојат две верзии за тоа кој е главниот. Има две имиња на мафијашки босови кои соработуваат во криминални активности. Еден од нив ја побарал и платил за главата на Радошевиќ, пренесува Новости.

Треба да знаете
Последни објави