Search

Реал Мадрид и Наполи без проблеми во четвртфиналето од ЛШ

Шпанскиот гигант и најтрофеен клуб со европски шампионски титули Реал Мадрид и лидерот во италијанската фудбалска Серија А Наполи се последните четвртфиналисти во елитното клупско натпреварување Лигата на шампиони. Реал Мадрид и во втриот дуел го совлада англискиот Ливерпул (1:0) и со вкупни 6:2 го продолжува патото по нов трофеј, а Наполи на победата од Франкфурт од 2:0 вечерва во Неапол придодаде уште поубедлив триумф против Ајнтрахт од 3:0.

Реал и Ливерул одиграа возбудлив натпревар на „Сантиаго Бернабеу“ со многу шанси на двете страни. Во првото полувреме мрежите мируваа, но најзаслужен за тоа беше гостионскиот голман Алисон, кој имаше неверојатна одбрана после шутот на Винисиус.

Во вториот дел Реал најпрво создаде чиста шанса преку Валверде, но Алисон повторно беше поуспешен. Бензема во 79-та минута го постигна победничкиот гол.

Осимен кој постигна два гола е херојот на Наполи во новата победа против Ајнтрахт. Во листата на стрелците се запиша и Зелински за конечните 3:0. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од клупата на Наполи доби шанса да учествува во овој успех во 74-та минута на местото на Кварацхелија.

Треба да знаете
Последни објави