Search

По 30 дена притвор за двајца тетовци

Двајца тетовци вчера биле приведени за пронајдена марихуана, но и за тоа што не запреле на полицискиот знак и продолжиле да возат, удирајќи во полициско возило, соопшти полицијата. Тие попладнево се испратени во притвор, откако судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово го прифатил барањето на Обвинителството и им одредил задржување од 30 дена на двете момчиња, А.Ј. и С.К., на возраст од 27 и 23 години.

-Вчеравечер, околу 19 часот и 40 минути, двете лица биле уапсени на локалниот пат Тетово-Ѓермо, откако им била пронајдена и одземена марихуана. Пред да бидат уапсени, не запреле на знак даден од полициските службеници и со нивното возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, удриле и го оштетиле службеното возило на СВР Тетово, информира тетовската полиција.

Двајцата осомничени се спроведени во затворот „Шутка“.

Треба да знаете
Последни објави