Search

Косовец со „сеат“ влегол во земјава па не сакал да застане на цариниците, го фатила полиција кај Долно Блаце

На 15.03.2023  во  04.55  часот од полициски службеници од Граничниот премин Блаце бил лишен од слобода И.Д.(25) од Косово, кој управувал патничко моторно возило „сеат” со скопски регистарски ознаки. Имено, околу 04.45 часот на Граничен премин Блаце, при влез во државата, тој со возилото не застанал на граничната полициска ни на царинска контрола и се обидел да избега кон Скопје, но по преземени мерки од полициски службеници на патот за Долно Блаце бил пронајден и приведен. И.Д. бил предаден на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции при РЦ Север за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави