Search

Ибрахимовиќ се враќа во шведската репрезентација да го надмине рекордот на Ѕоф

Шведскиот фудбалски напаѓач Златан Ибрахимовиќ (41 г.) е повикан повторно во националниот тим за квалификациските натпревари од ЕП 2024 против Белгија и Азербејџан на крајот на март. Доколку настапи популарниот ветеран Ибра-гол може да го надмине неофицијалниот рекорд на легендарниот италијански голман Дино Ѕоф .

Ако излезе на теренот на националниот стадион во Стокхолм на 24 март против „црвените ѓаволи“ или на 27 март против Азербејџан, Ибрахимовиќ ќе стане најстариот играч кој играл на квалификациски натпревар за европско првенство. Опоравувајќи се од повредата, фудбалерот на Милан ќе го собори рекордот на Дино Ѕоф, кој на 29 мај 1983 година играше против Шведска на 41 година, три месеци и еден ден.

-Златан е во пристојна форма и покрај тоа што долго време беше надвор од терените. Во тој контекст мислам дека може да придонесе. Особено на теренот, но и надвор од него, изјави Јане Андерсон, шведскиот селектор при објавувањето на кандидатите за овој двомеч кои ќе му бидат на располагање.

Најдобриот шведски напаѓач на сите времиња Ибрахимовиќ, кој е роден на 3 октомври 1981 година, ќе има точно 41 година, пет месеци и 21 ден на 24 март кога Шведска игра против Белгија на „Френдс арената“ во Солна.

Треба да знаете
Последни објави