Search

Египетската полиција ги уапси крадците во домот на Салах

Двајца мажи се уапсени под сомневање дека претходно овој месец го извршиле грабежот во вилата на напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, во Каиро, додека египетската фудбалска ѕвезда беше надвор од земјата, соопштија денеска властите.

Еден од приведените е поранешен чувар во станбениот комплекс каде е лоцирана вилата и знаел дека објектот бил празен во времето кога била извршена кражбата.

Египетското Министерство за внатрешни работи соопшти дека осомничените украле сребрен медал од африканскиот Куп на нации, неколку ТВ приемници, како и неколку чифта фудбалски копачки.

Полицијата ги пронашла сите украдени предмети.

Вилата се наоѓа во луксузниот кварт Тагамоа, 48 километри источно од центарот на Каиро.

Египетскиот репрезентативец Салах требаше да ја посети својата татковина идната недела за да го предводи националниот тим против Малави во двата квалификациски натпревари за Африканскиот куп.

Салах минатата недела стана најдобар стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер лигата со 129 постигнати голови.

Треба да знаете
Последни објави