Search

В петок ќе бидат познати четвртфиналните пресметки и евентуалните полуфинални дуели во ЛШ

Познати се сите четвртфиналисти во елитното клупско фудбалски натпреаврување Лигата на шампионите, кои в петок ќе се најдат во барабаните за извлекување на двојките од оваа елиминаторна рунда. Реал Мадрид и Наполи вечерва им се придружија на Баерн Минхен, Бенфика, Челзи, Интер, Манчестер сити и Милан.

Италијанската Серија А има најмногу екипи во четвртфиналето, дури три, Милан, Наполи и Интер. Англичаните се со Челзи и Манчестер сити, а Ла Лига има само еден претставник Реал Мадрид, како и Германија во Баерн Минхен и Португалија во Бенфика.

Ждрепката за четвртфиналето в петок е со почеток од 12 часот, но покрај тие двојки ќе бидат извлечени и евентуалните полуфинални пресметки.

Првите четвртфинални мечеви се играат на 11 и 12 април, реваншите се седум дена подоцна (18 и 19 април)

Треба да знаете
Последни објави