Search

Активности на сопругата на претседателот Пендаровски во Абу Даби, ОАЕ

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска која го придружува претседателот Пендаровски во официјалната посета на Обединети Арапски Емирати, денеска во Абу Даби оствари средби со генералната директорка на Генералната унија на жени Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди и Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство. 

Г-а Ѓоргиевска присуствуваше и на форумот „Иновации, технолошки промени и образование во дигиталната ера за да се постигне родова еднаквост и да се зајакнат сите жени и девојки”, имаше можност да се запознае со неколку занаети кои се негуваат во ОАЕ, како и да посети изложби поставени во Одделот за наследство и занаетчиство при Генералната унија на жени на ОАЕ.

На средбата со Н.Е. г-а Рем бин Абдула Ал Фаласи, генерaлна секретарка на Врховниот совет за мајчинство и детство, беа разгледани можностите за остварување на соработка меѓу двете земји во областите од заемен интерес преку различни облици на активности и иницијативи. Имајќи предвид дека 15 март се одбележува како национален ден на децата во ОАЕ, г-а Ѓоргиевска беше информирана и за напорите кои се вложуваат во ОАЕ за обезбедување соодветна здравствена заштита на децата, предучилишното образование, образовните процеси, како и промовирање на свесноста за човековите права.

Г-а Ѓоргиевска на средбата со генералната директорка на Генералната унија на жени, Н.Е. г-а Нура бин Калифа Ал Суваиди се запозна со визијата, мисијата и областите на делување на оваа фондација во чијшто фокус е зајакнување и претприемништво на жените во ОАЕ преку усвојување на политики, поставување планови и програми, покренување иницијативи и обезбедување на потребна поддршка за активно учество на жените во одржливиот развој.

Сопругата на претседателот присуствуваше и на форумот „Иновации, технолошки промени и образование во дигиталната ера за да се постигне родова еднаквост и да се зајакнат сите жени и девојки” во организација на Генералниот директорат и ОН Жени.

Во рамки на посетата г-а Ѓоргиевска имаше можност да ги разгледа признанијата од меѓународни, арапски и локални организации од 1973 година досега, како и да дознае повеќе за работата и континуираните напори на Н.В. Шеика Фатима бин Мубарак за напредокот на жените и хуманитарните активности.

Исто така, г-а Ѓоргиевска имаше можност да се запознае со занаети кои се негуваат во ОАЕ и различни видови на рачни изработки при посетата на работилниците од областа на културното наследство и изложбата на националните занаетчиски производи во рамки на Одделот за наследство и занаетчиство при Генералната унија на жени.

Треба да знаете
Последни објави