Search

Дванаесетгодишник донесен мртов во Клиничката болница во Битола

Дванаесетгодишно дете од битолското село Лера во неделата околу 21 часот, од страна на неговите родители, било донесено мртво во Клиничката болница во Битола.

Безуспешни биле сите обиди на лекарите за реанимација на момчето.

Настанот е пријавен во полиција, а иако немало видливи траги на насилство, побарана е обдукција од страна на Јавен обвинител.

Од битолската болница не сакаат да го коментираат случајот, за кој велат дека сега е во надлежност на обвинителството, но, потврдуваат дека се уште нема резултааи од обдукцијата на 12 годишното момче.

Треба да знаете
Последни објави