Search


Рома е на чекор до четвртфинале, реми на Арсенал во Лисабон 

Рома со 2-0 го победи Реал Сосиедад на Олимпико, голем триумф за фудбалерите на Жозе Мурињо во првото осминафинале од Лига Европа, Арсенал одигра 2-2 на гостински терен кај Спортинг Лисабон.

Рома ја искористи предноста на домашен терен и дојде до убава победа од 2-0 над Реал Сосиедад во првата пресметка со шпанскиот клуб во рамките од осминафиналето во Лига Европа.

По една убава акција во 13. минута, Абрахам асистираше до Ел Шарави кој реализираше за водство на Рома од 1-0. Тој резултат беше актуелен се до 87. минута кога по нафрлување на Дибала, Кумбула само се поклони со глава и донесе победа од 2-0.

Добар резултат има и Арсенал, но ќе мора да победи во Лондон. Мечот со Спортинг во Лисабон заврши 2-2.

Топчиите поведоа во 22. минута со гол на Салиба, 12 минути подоцна Инасио изедначи на 1-1. По десет минути игра во вториот дел со гол на Паулињо Спортинг направи комплетен пресврт, но во 62. минута Морита си постигна автогол за конечни 2-2.

Најефикасно беше на мечот меѓу Унион Берлин и Ројал Унион кој заврши 3-3. Баер Леверкузен со 2-0 го совлада Ференцварош.

Треба да знаете
Последни објави