Search

Милан и Тотенхем без голови на лондонскиот дожд, но Италијанците одат понатаму

Седумкратниот европски првак Милан после 11 години повторно ќе игра четвртфинале во Лигата на шампионите, после ремито без голови вечерва на „Вајт Харт Лејн“ против Тотнем, па пресуди единствениот гол на Брахим Дијаз уште во седмата минута од првиот меч во Милано пред три недели.

Лондонскиот премиерлигаш немаше идеја како да дојде во шанса, а Милан знаеше како да ги спречи Сон и Кулушевски, а да го затвори Хери Кејн, па си го трасираше патот меѓу најдобрите осум во Европа и повеќе од 90 минути потрошија двата клуба, за на крај дополнувањето да донесе фантастичен трилер.

Кристијан Ромеро со исклучувањето на 12 минути пред крајот и со десетмина уште потешка ја направија борбата на Тотнем да се избори барем за продолженија, а во надополнувањето, Кејн имаше најголема шанса по центаршут на Сон, а Мање фантастично одбрани, за во контрата Дивок Ориги да има шанса да стави печат, но погоди само во дирекот.

Милан последен пат играше четвртфинале во ЛШ во 2012 година, кога преку Арсенал дојде до најдобрите осум, а потоа беше елиминиран од Барселона.

„Росонерите“ со пласманот им се придружија на Челси, Бенфика и Баерн Минхен во четвртфиналето, а останатите четири патници ќе бидат познати по останатите четири реванши идната недела.

Треба да знаете
Последни објави