Search

Македонските футсалци ги завршија мундијалските квалификации 

Македонската репрезентација во футсал не успеа да се пласира во плејофот за пласман во елитната рунда од квалификациите за Светското првенство 2024, откако вечерва директниот конкурент Шведска освои бод против фаворитот Италија и ги истисна „црвено-жолтите“ од второто место во групата 10.

Разврската во битката за второто место ја донесе вечерашниот дуел во Јелве каде Шведска пред своите гледачи одиграа 7-7 против Италија, која од претходно обезбеди место во елитната рунда. 

Северна Македонија и Шведска го завршија настапот во групата со по 4 бодови, но Швеѓаните обезбедија место во плејофот поради подобриот скор во меѓусебните дуели (6-5).

Жрепката за плејоф натпреварите за пласман во елитната рунда од мундијалските квалификациите ќе се одржи на 10 март, а дуелите ќе се играат во периодот од 10 до 19 април. 

Треба да знаете
Последни објави