Search

Грчки бизнисмен најмил насилници да му ја фрлат бремената сопруга во езеро оти побарала развод

Бизнисмен од Грција е осуден бидејќи принудил три лица да ја фрлат бремената сопруга во езеро.

Пред тоа барал да абортира кога таа му кажала дека сака развод, но и дека сака да го задржи бебето.

Бизнисменот тогаш збеснал и и рекол дека нема да дозволи друг маж да му го одгледува детето. Ја замолил да се сретнат, а кога се сретнале, со себе зел уште три лица.

Тројца мажи потоа насилно ја извлекле од автомобилот и ја фрлиле во блиското езеро, иако таа постојано ги молела да ја остават на мира, пишуваат медиумите во регионот.

Жената тврди дека ја фрлиле и си заминале, без воопшто да се свртат да видат дали е жива.

Таа некако успеала да доплива до брегот и да излезе, а во тој момент температурата на водата била шест степени, пишува „Protothema“.

“Веднаш повикав полиција. Реков дека ме фрлиле во езерото, дека ќе се вратат да ме убијат. Ми беше многу ладно”, изјавила трудницата.

На лице место веднаш пристигнала брза помош која бремената жена веднаш ја пренела во болница.

Имала повреди и модрици на грбот, коленото и раката.

Било откриено според медиумот, дека намерата на бизнисменот била жената да го загуби бебето.

Во образложението на пресудата на основниот суд се наведува дека бизнисменот навел уште три лица кои и се заканувале по животот на жената. Како отежителна околност се зема фактот дека жената била бремена и дека претходно истиот ден го известила дека тој е таткото и дека сака да го задржи детето.

Сепак според написите приказната има среќен крај бидејќи жената родила здраво дете.

Треба да знаете
Последни објави