Search

Над 220.000 евра ќе потроши општина Гази Баба за времени вработувања

Фантастични 14 милиони денари или над 220.000 евра ќе потроши градоначалникот на општина Гази Баба за времени вработувања за 2023 година.

Според Договорот што го потпишал Стефковски со приватната агенција за вработување 14 милиони денари ќе се потрошат за привремени вработувања во општината, а времетраењето на услугата е 12 месеци.

Во последниот месец неколку општини како Аеродром, Кочани и Илинден склучиле вакви договори, но нивните суми беа далеку пониски отколку она што ќе го потроши општина Гази Баба.

Треба да знаете
Последни објави