Search

Скандалозно: Пекарници вршеле притисок врз маркети лебот да го доставуваат по старите цени

Дел од скопските пекарници во текот на изминатиот ден вршеле притисок кон еден помал синџир скопски маркети да доставуваат бел и полубел леб од 450 грама по старите цени, односно далеку повисоки од актуелната замрзната цена од 33 денари.

Според информациите што ги добивме од маркетот, сопственици на одредени пекарници го убедувале сопственикот да продолжи да го зема лебот и да го продава по стара цена, изразувајќи уверување дека ако маркетот биде казнет од страна на инспекциите, пекарницата ќе ја платела казната.

Како што информираат нашите извори, ваквиот предлог веднаш бил отфрлен од сопственикот на маркетот.

Трет ден трае протестот на големите пекарници кои не доставуваат леб до маркетите заради замрзнатата цена на белиот и полубел леб од 33 деанри, што наиде на жесток ревлт кон мнозинството граѓаните, кои пекарниците ги обвинуваат за прфитерство.

Покрај замрзнатата цена на лебот, Владата синоќа донесе одлука со која пекарниците се обврзуваат лебот да го произведуваат и доставуваат до маркетите, а како ќе реагираат пекарниците, ќе се знае денеска откако тие јавно ќе ја соопштат одлуката на прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави