Search

Звезда го победи Партизан, дербито заврши со масовна тепачка

Црвена ѕвезда со 1-0 го доби 169-тото белградско вечно дерби против Партизан, и сега на лутиот ривал му побегна за дури 16 бодови.

Како што често се случува во последните години, поинтересно беше на трибините отколку на терен, но и фудбалерите со своите постапки и однесување придонесуваа за тензии.
Течеше петтата минута од натпреварот, Аргентинецот Виго сакаше да упати центаршут, топката удри играч на Партизан, го смени правецот и заврши зад грбот на Поповиќ.

Стрелецот на голот прослави така што отиде на трибините кај гостинските фанови и почна да симулирање пукање со рафална стрелба кон нив.

Партизан во продолжението доминираше и заслужи изедначување, но ќе бидат запаметени грдите сцени од дербито.
Прво, во 52 -та минута, главниот арбитер ја прекина играта, видливоста беше целосно намалена поради огромниот облак од чад по баклјадата од „Гробарите“ кој лебдеше над „Маракан“ па мечот бее во застој 10 минути.

А на крајот најстражните сцени. Сите актери на големото Дерби беа во толпата, се виде дека има удари, многу играчи паднаа на земја. Следеше проверката на ВАР, Александар Ивковиќ имаше полни раце работа за да расчисти што се случило по што го исклучи најдобриот стрелец на Партизан – Рикардо.

Треба да знаете
Последни објави