Search

„Те чекам да се вратиш за да ги оствариме соништата“ – сопругата на машиновозачот кој загина во Грција неутешна

Сопругата на машиновозачот (28) кој загина вчера во смртоносната железничка несреќа кај Лариса, се огласи на социјалната мрежа „Фејсбук“ неутешна за смртта на нејзиниот сопруг.

„Љубов моја, чекам да се вратиш, заедно да ги оствариме нашите соништа, тука сум и те чекам. Чувај ме од горе. Ќе те сакам засекогаш“, напиша таа.

Меѓуградскиот патнички воз кој сообраќал од Атина до Солун со голема брзина се судри со товарен воз надвор од градот Лариса во централна Грција.

Од ударот настана пожар во дел од патничките вагони, пришто најмалку 57 лица загинаа, а десетици се повредени.

Треба да знаете
Последни објави