Search

Приведени трojцa скопјани кои со автомобил влечеа коњ 

Денеска ( 02.03.2023) на улица Благоја Стефковски во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје.

Тројцата се приведени поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје , при што измачувале коњ.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

Возач на автомобил кој се возел зад тројцата ги снимил измачувањето на коњот, односно неговото влечење по улицата, по што реагираше јавноста и полицијата.

Треба да знаете
Последни објави