Search

Звезда со Кампацо загуби од Баерн, Партизан се поблиску до плејофот

Двата српски великани продолжуваат со различно расположение во Евролигата, па додека Црвена Звезда е се подалеку од плејофот во Евролигата, Партизан е се поблиску до вакво остварување.

Звезда западна во доста лоша криза во најелитното европско натпреварување, а доказ за тоа е и денешниот натпревар против Баерн Минхен на кој „црвено-белите“ упропастија голема предност.

Српскиот тим како гостин имаше плус 9 на четири минути пред крајот, но потоа следеше несфатливо помрачување и откако не постигна кош цели три минути, резултатот се сврте во корист на домаќините и Баерн победи со 87:80.

За разлика од Звезда, Партизан продолжи со добрите настапи во Евролигата и се искачи на шестото место со биланс од 14 победи и 12 порази, откако вечерва најде решение и за Алба.

Тимот од Берлин ја шокираше Звезда пред една недела, но не успеа да го направи тоа и против Партизан кој вечерва на домашен терен славеше со 88:74.

Треба да знаете
Последни објави