Search

Богоев: Се уште не е затворен процесот на проширување на мнозинството, секоја партија или пратеники може да се приклучи

„Зголеменото и стабилизирано мнозинство ќе може поедноставно да гласа закони за подобар живот на граѓаните. Сепак, процесот на проширување се уште не е затворен. Ја користам оваа прилика да кажам дека имаме отворена врата за Беса или пратеници од Беса и други партии кои сметаат дека треба да се приклучат на овој европски блок или алијанса за Европа“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Патот кон“ на Алсат М.

Тој додаде дека сите пратеници и партии треба личните и партиските интереси да ги стават во втор план, а во прв план на сите да биде чекорњето на државата напред кон Европската Унија.

„Очекувам сите да ги сфатат битноста, суштината и важноста на овој момент. Да ги надминат личните интереси и да застанат во европскиот блок. Важно е да гледаме кон иднината, имаме историска шанса Македонија да стане полноправна членка на ЕУ“ рече Богоев.

Потпретседатело на СДСМ истакна дека процесот на пристапување во ЕУ сега зависи од нас, а не од Софија, Атина или Брисел.

„Сите тие работи се апсолвирани, сега се зависи од нас. Очекувам партиите да сфатат дека интересот на државата е пред личните и партиските интереси. Кога државата ќе ги отвори и поглавјата во преговорите со ЕУ, можеме да се вратиме на дневнополитички теми. Сега сме на раскрсница каде треба да одлучиме дали сакаме државата и сите граѓани да одат напред“ рече Богоев.

Треба да знаете
Последни објави