Search

Богоев: По реконструкцијата на Владата ќе започнат консултациите за уставните измени, до мај ќе се најдат во Собрание

„Со заокружување на процесот на реконструкција на Владата, очекувам да отпочнат јавно разговори и широка дебата за уставните измени. Ќе се отвори дискусија со пратениците, стручната фела и јавноста. Ќе се објасни што значат тие амандмани“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Патот кон“ на АлсатМ.

Тој додаде дека уставните измени и влегувањето на делови од народите како Хрватите, Бугарите и Црногорците во Уставот може само да ја зајакне Македонија.

„Доколку јавната дискусија започне после реконструкцијата на Владата, мислам дека ќе заврши кон крајот на пролетта и пред почетокот на летото. Мај би бил терминот, доколку се се движи според очекуваното темпо да започне процедурата во Собранието“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ рече дека е жално што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ јавно потпишуваат нотарски изјави дека нема да гласаат за уставните измени, Мицкоски и врвот на партијата водат јавна кампања за наводна бугаризација, а во позадина по странски амбасади даваат гаранции дека ќе ги изгласаат уставните измени доколку дојдат на власт.

„Јавно поставувам прашање и дилема, дали претставници на ВМРО-ДПМНЕ пред одредени големи и влијателни странски амбасади во државава давале ветување дека доколку прво има избори и дојдат на власт, ќе спроведат уставни измени? Да кажат и дали покрај тоа биле спремни кај одредени амбасади да дадат и писмена гаранција за тоа?“ запраша Богоев.

Треба да знаете
Последни објави