Search

Ковачевски: Владата е подготвена да разговара со сите кои ќе ја поддржат европската перспектива на земјата

Собранието попладнево во рамки на 104. седница со 62 гласа „за“ и ниту еден против или воздржан ги разреши замениците министри за одбрана Башким Асани, за земјоделство, шумарство и водостопанство Абдулшуќур Абедини и за образование и наука Љуљзим Алиу. 

Оваа седница продолжи со точката на дневен ред за избор на нови заменици. Премиерот Димитар Ковачевски за заменици министри ги предложи Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за правда,  Вјолца Бериша за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во за здравство и Агим Нухиу за образование, наука и спорт.

Образложувајќи го својот предлог, премиерот Ковачевски од собраниската говорница истакна дека со изборот на новите заменици министри се заокружува реконструкцијата на Владата. Парламентот, како што истакна, покажа дека има прогресивни сили и се надевам дека во иднина и натаму парламентарното мнозинство ќе расте.

Ковачевски, меѓу другото, пред пратениците зборуваше и за постигнувањата на оваа Влада на економски план во состојба на криза и за отворањето на преговорите со ЕУ. 

– Затоа пред нас е исклучително важен период кој повикува на одговорност, рече премиерот, потенцирајќи дека Владата е отворена за разговор со сите кои сакаат да ја поддржат европската перспектива на земјата. 

По точката за избор на заменици за збор се пријавени 36 пратеници. 

Собраниската 104. седница за реконструкција на Владата започна пред три недели. Новите министри во Владата на Ковачевски од АА и СДСМ беа избрани пред полноќ во понеделникот. 

Треба да знаете
Последни објави