Search

(Видео) Фурна во Ѓорче Петров продава леб на црно по 50 денари

Видео на социјалните мрежи за кое се тврди дека е снимано вечерва покажува дека во пекара во Ѓорче Петров се продава леб по цена од 50 денари.

Според описот на видеото станува збор за фурната лоцирана во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, а од она што се гледа за продажбата на муштериите не им се издава фискална сметка.

На видеото жена која купува леб прашува колку тој чини, а продавачот ѝ вели 50 денари, по што на прашање на купувачката дали нема друг, продавачот ѝ вели дека тој леб од денеска не смееле да го продаваат.

Видеото погледнете го на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави