Search

ПСЖ во режија на Мбапе и Меси го реши дербито со Марсеј 

ПСЖ како гостин го доби големото дерби против Марсеј (3:0) во француската фудбалска Лига 1. Натпреварот мина во знакот на Килијан Мбапе и Лионел Меси. Французинот постигна два гола и имаше една асистенција, а Аргентинецот две асистенции и еден гол.

Мбапе на овој меч се израмни со бројот на постигнати погодоци со Единсон Кавани кој беше најдобар стрелец во историјата на „светците“ и двајцата имаат по 200 голови. Со нов погодок Мбапе ќе стане најефикасниот играч на ПСЖ.

За Меси ова беше 700 гол во клупската кариера, 28 има за ПСЖ и 672 за Барселона.

Треба да знаете
Последни објави