Search

Милан преку Аталанта стаса до делба на второто место во Серија А

Актуелниот италијански фудбалски првак Милан во трката за висок пласман стаса до делба на второто место со градскиот ривал Интер, откако вечерва како домаќин во 24. коло од Серија А ја совлада Аталанта од 2:0.

Победникот беше најавен со автоголот на голманот Мусо во 26 минута кога топката упатена од Тео Ернандез кон неговата мрежа заврши во дирекот, го удри во грбот и се стркала зад гол-линијата.

Милан и по постигнатиот погодок продолжи да доминира, создаде бројни шанси, а дури во финишот во 86 минута го потврди триумфот пред последниот свиреж со голот на Месијас.

За одбележување е и камбекот на Златан Ибрахимовиќ, кој влезе во игра во 74. минута, по долгата рехабилитација по тешката повреда на коленото. Нема сомнеж дека Златан ќе биде значаен адут на „росонерите“ до крајот на сезонава, во која Милан го очекува битка за второто место со Интер (моментно се израмнети со по 47 бода), ако се знае дека Наполи веќе е недостижен со 18 бода предност во однос на калчолигашите од Милано.

Треба да знаете
Последни објави