Search

Вицепремиерот Битиќи во работна посета на Брисел

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонијa задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, од утре до 1-ви март ќе престојува во Брисел, каде ќе се обрати на двата билатерални скрининг состаноци од Кластер 2, „Внатрешен пазар”, состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги” и Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје”.

Вицепремиерот Битиќи за време на престојот ќе има и одвоени средби со европскиот комесар за економија Паоло Џентилони, со Themis Christophidou, Генерална директорка за Образование, Млади, Спорт и Култура при Европската Комисија, со директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикич, со Марк Леметр, генералниот директор  за истражување и иновации, и со Бен Батерс, извршен директор на Eurochambers.

Треба да знаете
Последни објави