Search

Полицијата низ цела Русија апси противници на војната во Украина, Путин наредил апсења?

Полицијата ширум Русија апси демонстранти кои на годишнината од рускиот напад го изразија своето противење на војната во Украина со антивоени слогани и метафорични гестови, пренесуваат локалните медиуми.

Најмалку осум лица се приведени во Екатеринбург, четвртиот по големина град во Русија, откако положиле цвеќе на споменикот на жртвите на политичката репресија, објави организацијата за правна помош „ОВД-инфо“.

Според оваа организација, две лица биле уапсени и во Санкт Петербург поради положување цвеќе на споменикот на украинскиот поет Тарас Шевченко.

Во Сибир, пет лица се уапсени во градот Барнаул, меѓу кои и маж, кој на централниот плоштад носел плакат „Престани да молчиш“, објави локален портал.

Медиумите објавија дека една жена е уапсена во градот Комсомолск на Амур затоа што држела транспарент: „Жал ни е, прости ни, ја уништивме сопствената земја“.

Русите, како што пишуваат медиумите во регионот, протестираа само во текот на првата недела од војната во Украина, а тие големи протестни собири набрзо згаснаа бидејќи илјадници луѓе беа уапсени.

Треба да знаете
Последни објави