Search

Трајко Славевски повторно против раст на платите

Претседателот на Советот на Град Скопје, професор на Економскиот факултет и некогашен министер за финансии, Трајко Славески, во јавноста излезе со став против зголемување на платите во државата.

Славески смета дека СДСМ и ДУИ ги лажеле граѓаните дека платите растат, но според него тие реално се намалуваат.

„Се вели дека некои луѓе може да ги лажете цело време, сите луѓе можете да ги лажете одредено време, но не можете сите луѓе да ги лажете цело време. На владата на ДУИ поддржана од СДСМ и успеа во изминатите година-две да излаже некои луѓе за одредено време дека ги зголемува платите, но вистината излезе на виделина, според податоците од Државен завод за статистика за исплатената просечна нето-плата во Македонија. Во периодот за кој ДУИ и СДСМ во хор се фалат со зголемување на платите, граѓаните се соочуваат со она што и статистиката го констатира. Куповната моќ на платите, т.е. вредноста на реалната плата во земјава континуирано се намалува, од што најмногу страдаат семејствата со пониски доходи“ наведува Славески.

Инаку Трајко Славевски беше меѓу првите кои се побуни против зголемување на минималната плата прво на 12.500, а потоа и на 15.000 односно 18.000 денари, предвидувајќи дека така економијата ќе колабирала.

Вчера, СДСМ се пофали дека успеале да го остварат ветувањето за просечна плата од 34.000 денари, а за март најавија остварување на уште едно предизборно ветување – минимална плата од 20.000 денари.

Треба да знаете
Последни објави