Search

Битиќи: Ветеното го реализираме просечната плата изнесува 34.364 денари

Ветеното го реализираме и продолжуваме да работиме на поставување и постигнување на се поамбициозни цели за развој

Заводот за статистика во денешното соопштение вели дека просечната плата изнесува 34.364 денари, со што година дена порано, се реализира програмската цел од парламентарните избори 2020 година дека ќе постигнеме раст на просечната плата од 34.000 денари или покачување од 30%. Како што можете да видите на графиконот подолу, веќе сме на 28% зголемување за овие 2,5 години. На истиот графикон можете да го следите и трендот на зголемување за 5 години, од 2012 до 2017 година има зголемување од само 11%, а во годините 2017 до 2022 година од 44% или во апсолутен износ од 10.514 денари, владата предводена од СДСМ за 4 пати повеќе ја зголемила просечната плата што значи зголемен домашен буџет кај нашите граѓани.

Како вицепремиер за економски прашања изгласан на парламентарните избори до 2020 година, односно некој на кој му е дадена доверба и одговорност да се грижам за економскиот раст и развој и животен стандард на моите сораѓани е важно што кога го гледам периодот од 10 години, односно од 2012 до 2022 година, просечната плата е порасната за 12.895 денари, но од овие 10 години, само во периодот од јуни 2020 до декември 2022 имаме пораст од 7.497 денари, што е скоро 60% од вкупното зголемување за 10 години.

Бројките го покажуваат трендот и тука сме јасни и кога некој викаше дека ова се недостижни цели, покажавме дека тоа не е така. Затоа, не треба да се плашиме и треба да веруваме во своите потенцијали и да работиме да ги реализираме. Продолжуваме понатаму со креирање на Националната развојна стратегија, да поставиме заедно јасни и просперитетни цели за следните 10 или 20 години, цели кои ќе не доведат до посакуваниот развој. Заедно, за нашата татковина.

Треба да знаете
Последни објави