Search

E.Пелистер убедливо поразен во Берлин

Maкедонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер го запиша и петтиот пораз во Европската лига откако вечерва беа поразени од Фуксе Берлин со 34:25 во претпоследното коло од групната фаза.

„Пелистерци“ се уште не сигурни патници во следната фаза и за тоа одлучувачки ќе биде натпреварот против Мотор кој го играат на домашен терен. Во тој натпревар на битолскиот клуб ќе му биде доволно и реми за да го потврди четвртото место.

Во денешниот пораз најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Васиљев и Костески со по пет постигнати гола, Гидсел на спротивната страна постигна шест. Победата на Фуксе Берлин е апсолутно заслужена затоа што македонскиот претставник рамноправен противник беше само во почетните минути. Како што одминуваше времето домаќинот ја зголемуваше разликата и на пауза заминаа со 18:12.

Во второто полувреме Фуксе Берлин одигра уште подбро и предноста растеше од минута во минута за конечните 34:25. Во следниот натпревар Еурофарм Пелистер на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ ќе го пречека Мотор.

Треба да знаете
Последни објави