Search

Лефков: Еврообврзницата е вистински тест за правосудството, власта го користи собранието за остварување на лични бизнис интереси 

Во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков истакна дека за оваа власт Собранието служи и секогаш успешно се користи за остварување на нивните бизнис интереси и интересите на нивните семејства.

„Денеска за жал уште едно задолжување имаше на собраниска седница 103 седница, собранието секогаш успешно се користи од страна на владата како изговор за сите нивни проблеми.Суштината останува дека за жал ова парламентарно мнозинство е целосно потчинето на извршната власт. И видовте каква реконструкција ни стигна во Собранието пазар 3 конструкција и тоа пазар и таа фраза е формулација токму на еден од нивните министри Тупанчевски”, истакна Лефков.

Во однос на еврообврзницата Лефков нагласи дека со штетата која е предизвикана на државата еврообврзницата е тест за правосудството бидејќи постои делото несовесно работење во служба.

„Еве тест за правосудството затоа што е инкриминирано делото несовесно работење во служба кога вие со пропуштање на или со несовесно работење ќе предизвикате штета, вие имате одговорност за несовесно работење. Факт е и целата јавност знае дека премиерот Ковачевски го примора Тупанчевски да си даде оставка, заради барања кои што ги доби од новите коалициони партнери. Факт е дека оставката беше дадена, факт е дека беше распишана еврообврзница и беше завршена лицитацијата на 600 милиони евра на каматна стапка од 6,25 %. Ако имаме зголемување на каматната стапка од само 0, 5 % во тој случај на таа сума ќе имаме штета која што е мерлива и ќе изнесува 3 милиони евра. Јасна штета. Еве школски пример што значи несовесно работење”, истакна Лефков.

Пратеникот Лефков истакна дека на оваа власт државниот интерес им е целосно напуштен а преку нивната моќ да креираат закони и предлагаат законски акти само ги остваруваат нивните бизнис интереси и интересите на нивните блиски.

„Видовме дека државниот интерес беше ставен не во втор, не во трет план туку беше целосно напуштен и целосно заборавен затоа што беа заслепени само за едно, односно да го продолжат времето до кога ќе бидат на власт. И токму денеска помина уште еден заем за ревитализација на хидроцентрали. Ние постојано бараме пари за капитални инвестиции. А капитални инвестиции нема, постојано прават злоупотреба на моќ која што ја прават СДСМ и ДУИ практично затоа им е потребна на нив оваа власт и затоа се борат за уште еден ден власт. Преку нивната моќ да креираат закони, законски акти, ги насочуваат бизнисите токму кај нив и кај нивни блиски”, нагласи Лефков.

Треба да знаете
Последни објави