Search

Експлозија во Мајами: две лица загинаа, три се тешко повредени

Две лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија и пожар што зафати неколку возила и згради во индустриска зона во Мајами.

Пожарникарите соопштија дека добиле повик за експлозија и пожар околу 8:40 часот по локално време, и веднаш отишле на адресата.

Како што јавуваат тамошните медиуми, кога противпожарните бригади пристигнале на местото на настанот виделе неколку возила целосно зафатени од пламен, а чад се гледал и од автопатот.

За жал, во експлозијата се повредени неколку лица, од кои двајца починале во болница, а уште двајца се во критична состојба“, соопшти полицијата.

Бирото за убиства во моментов е на лице место заедно со единицата за подметнување пожари и е започната истрага за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави