Search

Претседавачот на ОБСЕ, министерот Османи во посета на Турција

Претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи утре, понеделник 20 февруари 2023, ќе оствари посета на Република Турција заедно со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид  

За време на посетата претседавачот Османи ќе оствари работна средба со турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Посетата се одвива во време на тешка состојба во Турција, по серијата разорни земјотреси во кои животот го загубија десетици илјади луѓе, стотици илјади се повредени, а во погодените подрачја целосно е уништена инфраструктурата што доведува до дополнителни потешкотии за достава на хуманитарна помош, храна и вода за преживеаните. Посетата на Претседавачот со ОБСЕ, Османи е во насока  на поддршка на напорите за зголемување хуманитарната помош од земјите учеснички и фондовите на ОБСЕ кои се за оваа намена.

Треба да знаете
Последни објави