Search

Внимавајте со лимонот – може да ја предизвика оваа болест!

Умереноста е клуч во сè. На пример, доколку внесувате премногу лимонов сок во еден ден, шансите дека во краен случај ќе имате нервозен стомак се големи.

Нашиот организам е во состојба да свари сè одеднаш, поради што прави желудникот да биде кисел подолго време. Тоа значи дека слузокожата на органот за варење е иритирана, што води до болки во стомакот.

Гастроезофагеална рефлуксна болест позната е и како киселински рефлукс, а лимонот е една од намирниците која е одговорна за неа.

Содржината на киселина во овошјето може да го ослабне долниот дел на езогагелниот сфинктер, да го стимулира произведувањето киселина во желудникот и да го иритира оштетениот дел од слузницата. Резултатот од тоа може да биде чир на желудник.

Некои од симптомите се мачнини, регургитација (неволно враќање на желудочната содржина), повраќање, болка во градите, воспаление на грлото.

Втор непосакуван ефект од ова овошје е тоа што помага во создавање камен во бубрезите и жолчното ќесе.

Прекумерната употреба на лимон може да ги натера вашите органи за варење абнормално да го впиваат железото, што води до тоа количината железо да се таложи во телото и тоа во преголеми количини кои му се потребни на нашиот организам. Оваа висока концентрација на железо во краен случај може да доведе до болести како што е хемохроматоза .

Киселината на лимонот се должи на неговата висока содржина на витамин Ц. Тој го прави ова овошје природен диуретик, но и ја зголемува потребата за мокрење.

Истражувањата покажале дека лимонот може да биде еден од најчестите причини за мигрена или главоболка затоа што содржи голема количина аминокиселини.

Консумирањето свеж лимон или пиење чист сок од лимон директно може да биде штетно за вашите заби. Познато е дека лимонската и аскорбинската киселина кои се наоѓаат во лимонот нанесуваат сериозни повреди на забната глеѓ. Тоа може да доведе до промена во бојата на забите, но и пропаѓање на забите.

Лимоновиот сок многумина го користат за кожата, но во текот на летото не заборавајте да го користите умерено зошто може да предизвика изгореници.

Треба да знаете
Последни објави