Двајца гевгеличани во„ауди“ фатени со 5 кг марихуана на Богородица, едниот се обидел да избега

На 17.02.2023 околу 12.10 часот на граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од с.Негорци, гевгелиско и Н.И.(26) од Гевгелија.

При контрола извршена од царински службеници во патничко возило „ауди” со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу 5 килограми марихуана. Притоа, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници. 

Лицата биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави