Битолчанец две години бил макро на тинејџерка, велешанец прикажувал порно фотографии на малолетничка

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.О.(37) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење на проституција” казниво по член 191 од Кривичниот законик.

Пријавениот во период од две години се до 08.02.2023 на 20-годишна девојка од Битола и договарал клиенти и локации во градот за одреден паричен надомест, а повремено и тој бил присутен на местото. По преземени мерки и активности, тој бил лишен од слобода и му е поднесена пријавата.

Од МВР информираат и дека е приведен велешанец поради прикажување порнографски материјал на малолетничка.

-На 17.01.2023 во 10.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.Б.(52) од Велес. Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави