Search

(Фото галерија) И скопските пожарникари ја покажаа хуманоста на дело

Чуда во Турција и Сирија се уште се случуваат, 11 дена по катастрофалниот земјотрес кој ги погоди двете држави. Седумнаесетгодишна девојка денеска е спасена од урнатините на зграда во Кахраманмарш, Турција – 248 часа по разорниот земјотрес. Турската државна управа за катастрофи и вонредни ситуации (АФАД) денеска соопшти дека бројот на жртвите во таа земја се искачи на 36.187, а ОН објавија за 5.800 мртви во Сирија.

АФАД соопшти дека повеќе од 4.300 последователни потреси ја погодиле зоната на катастрофата.

Сите тимови за пребарување и спасување од целиот свет веќе ги завршија или ги привршуваат своите акции, па и нашите спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување составена од членови од повеќе градови во земјава по долгиот пат од 2.200 километри и седумдневната спасувачка мисија за пребарување се вратија дома. И дадоа се од себе за да успеат да спасат барем еден човеки живот, а спасија неколку.

Меѓу спасувачите имаше и тим од Скопската противпожарна бригада чии членови беа дел од глобалната спасувачка мисија.

Тимот од Скопската противпожарна бригада која што беше во Турција е веќе вратена во Македонија. За тоа каква е состојбата таму за 24 Инфо кратко раскажа еден од пожарникарите .

,, Од Скопје тргнавме екипа од петмина пожарникари-спасители, кои без размислување прифатија да помогнат. По поминати 2000 километри стигнавне во градот Санлиурфа каде што бевме сместени. Секојдневно патувавме по три часа во правец до местата каде што бевме ангажирани. Првично работевме во Инслахија, таму не распределија турските служби. Потоа бевме ангажирани и во Адијадија каде што спиевме во шатори. За жал во таа цела катастрофа не успеавме да извлечеме живи луѓе од под урнатините. Сите погледи од светот се вперени кон Турција. Работевме со спасувачки екипи од Мексико и Тајван. Морам да потенцирам дека состојбата е катастрофална и многу полоша од тоа што е прикажано во медиумите.”, вели член на Скопската противпожарна бригада за 24 Инфо.

Како таа изгледаше може да видите во галеријата фотографии кои 24 Инфо ексклузивно ги доби .

Треба да знаете
Последни објави