Започнува пријавувањето за 19то издание на Виз Ер Скопски маратон

Најпознатата и најголема атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се одржи на 01 октомври (недела)  го отвори пријавувањето за своето 19то издание. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска Атлетика.
Маратонската трка е дел квалификациските трки за Светското првенство во старосни категории под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, со што можат да се освојуваат поени за рангирање во соодветните возрасни категории, а најдобрите во светот можат да обезбедат учество на светското првенство во возрасни категории кое ќе се оддржи во Чикаго оваа година.Учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетната маратон трка- ЕУ со тебе и 5км трка, кои со години се дел од оваа спортска манифестација.

Треба да знаете
Последни објави