Search

Спасовски: За ВМРО-ДПМНЕ е важно како да дојде на власт, а не како да се постигнат националните интереси

Според министерот Оливер Спасовски ВМРО-ДПМНЕ низ минатото и сега гледа само како да дојде на власт, а не како да ги реши предизвиците за време на евро-атлантските интеграции.

-ВМРО-ДПМНЕ немаше став за Преспанскиот договор, немаше став за Договорот со Бугарија. Тие постојано се на став дека за нешто се против, но без аргументи. Тоа не е став, кажа Спасовски во гостувањето во ТВ Шења.

Тој истакна дека со силата на аргументите, низ дебата, ќе треба да се убедат сите чинители дека се потребни уставните измени.

-Треба да бидеме обединети за националните интереси, а опозицијата само декларативно искажува поддршка за евроинтегративниот пат, рече Спасовски, додавајќи:

„Која е алтернативата да не се согласиме дека Македонија треба да биде членка на ЕУ? Нема алтернатива. Граѓаните сакат да се изградат институциите на тие европски вредности. Зачленувањето не е имагинарен процес, тоа е практично процес во кој вие ќе ги градите институциите. Тоа не е само менување на легислативата. МВР има во голем процент усогласеност со европските директиви, но следниот чекор е имплементацијата и спроведувањето на законските решенија. Тоа мора да се дефинира при процесот на пристапување во ЕУ“, заклучи министерот.

Треба да знаете
Последни објави