Search

Премиерката на Шкотска поднесе оставка

Премиерката на Шкотска, Никола Старџен, по осум години поминати на функцијата, денеска објави дека поднесува оставка. Заминувањето од премиерската позиција доаѓа по критиките за нејзиниот обид да ги зголеми правата на трансродовите лица и нејзината стратегија за постигнување независност од Обединетото Кралство.

Старџен оставката ја најави на прес-конференција во нејзината официјална резиденција во Единбург, велејќи дека одлуката не е одговор на „последниот период на притисок“, но додаде дека е важно да се знае кога да се откаже.

-Знам во мојата глава и во моето срце дека времето е сега. Вистинско време за мене, за мојата партија и за мојата земја, изјави Старџен и најави дека да остане на функцијата додека партијата не избере нов лидер.

Старџен стана лидер на Шкотската национална партија (СНП) по референдумот во 2014 година на кој 55 отсто од Шкотите гласаа „за“ останување во Обединетото Кралство, а 45 отсто се изјаснија „против“.

Партијата на Старџен се залага за ново гласање, тврдејќи дека британското напуштање на Европската унија ги промени основните правила, но Владата на Обединетото Кралство одби да дозволи втор референдум.

Шкотска е дел од Обединетото Кралство, но, како Велс и Северна Ирска, има своја полуавтономна влада со широки овластувања во некои области.

Треба да знаете
Последни објави