Search

(Видео) Адејеми го кутна Челзи, Бенфика обезбеди убедлив гостински триумф

Англискиот Челзи вечерва во Дортмунд загуби од Борусија (1:0) во првиот меч од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, а Бенфика обезбеди убедлив гостински триумф против белгиски Бриж (0:2) и направи исчекор кон четвртфиналето во елитното клупско натпреварување.

Ѕвездата во доаѓање на германскиот вицепрвак Карим Адејеми со фантастична контра после корнер на Челзи, претрчувајќи повеќе од 70 метри, успеа да ги издрибла и најскапиот премиерлигашки фудбалер Енцо Фернандез и голманот Кепа Аризабалага за да даде гол во 62-та минута и со тој гол да ѝ донесе предност на Борусија пред гостувањето во Лондон на 7 март.

https://twitter.com/i/status/1625969460778598417

Челзи имаше шанси да не остане непоразен, но Жоао Феликс не релаизира три шанси од кои две во првиот дел. Еднаш го погоди дирекот, а еднаш „милионерите“ спасуваа на гол-линијата по удар на Калиду Кулибали и одбраната на Грегор Кобел.

Португалска Бенфика со погодоците во второто полувреме дојде до победа. Жоао Марио по шест минути игра во вториот дел од пенал донесе водство и ја најави победата, а Давид Нерес две минути пред крајот стави печат на победа за Бенфика.

Треба да знаете
Последни објави