Search

Протестен собир „Не сме безбедни“

Соопштение од Медуза- непрофитен онлајн медиум, чии содржини ги создаваат група на ентузијасти и ентузијастки за феминизам, родова еднаквост и ЛГБТИ+ права 

„Како граѓанки и граѓани, феминистки и феминисти, девојки и жени, револтирани сме од повторното затајување на институциите, неспремноста и некомпетентноста на полицијата и немањето вистинска волја да ја завршат својата заштитничка и превентивна функција кога станува збор за на жртвите на родово базирано насилство, сексуален напад и вознемирување. Затоа, во петок (17.02) во 15 часот, излегуваме на ПРОТЕСТ пред Министерството за внатрешни работи.

Случајот кој во медиумите стана познат како „дивиот таксист кој ѝ избега на полицијата” по илјадити пат укажа на истите недостатоци на институционална поддршка на жртвите кои пријавуваат родово базирано насилство. 

Во изминатиот период имаме пораст на случаи на родово-базирано насилство: таксисти кои напаѓаат девојки, партнери кои ги претепуваат и пукаат во своите девојки, сексуално уценување на 14 годишно девојче од страна на повеќе мажи, а листата секојдневно се надополнува.

Ова е резлутат на повеќе аспекти од нашето општество длабоко вкоренети во системската неедаквост и нормализирањето на насилството како дел од културата. 

  1. Бараме санкции за нестручните полициски службеници кои ги изложуваат жртвите на дополнително вознемирување.
  2. Бараме обучени полициски службеници кои ќе си ја вршат работата за која се платени.
  3. Бараме секоја пријава да биде третирана со максимална професионалност, но и да биде дочекана со емпатија, солидарност и поддршка.
  4. Бараме да бидеме безбедни во своите градови, улици и живеалишта.

Повеќе информации може да најдете на овој линк 

https://www.facebook.com/meduza.mk

Треба да знаете
Последни објави