Search

Oд Македонија се префрлени 1 милион евра парична помош на Турција

Хуманитарната помош собрана од страна на Црвениот крст на Северна Макеоднија денеска тргнува кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник ги зафати Турција и Сирија.

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња.

Турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизкок, од друга страна, информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

До минатиот петок од Македонија се префрлени 1 милион евра пари од граѓани, стопански комори и компании во Република Турција изјави Турскиот амбасадор Секизкок.

– Денеска сме тука заедно со амбасадорот на Република Турција да испратиме првична хуманитарна помош во материјални средства како резерви на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Пратката се состои од 800 пакети со храна, 1.700 пакети со хигиена и 4.000 ќебиња, истакна Саити на денешната прес-конференција.

Додаде дека ова е првичната хуманитарна помош и изрази надеж дека во соработка со фирмите и компаниите во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош.

Тој апелираше хуманитарната помош којашто се донира согласно потребите на луѓето што се таму коишто според консултативните состаноци со турската Полумесечина, како што рече, повторно била истакната потребата од собирање на материјална хуманитарна помош пред се во ќебиња, шатори и вреќи за спиење, газиени лампи итн.

– Во делот на остатокот од материјалната хуманитарна помош апелираме уште еднаш да се донираат намирници (пакети со храна и со хигиена) но сето тоа да биде ново, согласно стандардите за хуманитарна работа кои ние ги нарекуваме минимум стандарди затоа што останатото видовте овие денови – сведоци бевте на многу иницијативи, но за жал квалитетот на хуманитарната помош не е на задоволително ниво и сето тоа не може да се испрати, рече Саити.

Амбасадорот Секизкок, истакна дека во координација со Амбасадата на Турција овде во Скопје преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со нашите браќа и пријатели од оваа земја досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.

– Изразувам во оваа прилика благодарност до Северна Македонија која стои рамо до рамо со Турција за надминување на овие тешки денови, рече Секизкок.

Треба да знаете
Последни објави