Search

Спасовски: Продолжуваме со партнерскиот однос со лозарите за поголема конкурентност на македонските вина на светските пазари

Денеска, на покана од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во Тиквешкиот регион присуствував на традиционално закројување на лозја во атарот на селото Ресава, Општина Кавадарци, а по повод празникот Свети Трифун, заштитникот на лозарите напиша Спасовски.

Почитувани граѓани,

Почитувани лозари и винари,

Во свое и во име на МВР ви го честитам празникот Свети Трифун, со желба за плодна и бериќетна сезона на македонската винова лоза .

На денешниот голем христијански празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите и градинарите, започнува кроењето на виновата лоза, традиција која симболично го означува почетокот од новата реколта на производство на грозје.

Посакувам квалитетен и богат род за лозаропроизводителите и квалитетно вино за македонските винарии.

Како Влада продолжуваме со партнерскиот однос со лозарите за поголема конкурентност на македонските вина на светските пазари.

Нека е за многу години!

Треба да знаете
Последни објави