Баерн славеше во Париз, поништени два гола на Мбапе

Германскиот првак Баерн Минхен направи голем чекор кон четвртфиналето во Лигата на шампионите, откако вечерва го освои Париз и со голот на Кингсли Коман го победи Пари Сен Жермен (1-0) на „Паркот на принцовите“ во првиот меч од осминафиналната фаза, во која Милан со еден гол предност по минималецот со Тотнем патува во Лондон на реваншот.

Францускиот репрезентативец Коман, кој им ја донесе и последната европска титула на Баварците во Лисабон во 2020 година против ПСЖ, повторно го реши својот бивш клуб и тоа само благодарение на лошата реакција на Џиџо Донарума, кој можеше да го одбрани волејот на офанзивното крило после центаршутот на Алфонсо Дејвис во 53-та минута.


Лошото спектакуларно дерби, кое не понури премногу добар фудбал, Баерн искористи една од двете шанси на мечот, а ПСЖ беше заспан и без идеја цели 75 минути, по што се разбуди, но канонадата од напади во завршните десетина минути не успеаа да се извадат од пораз.

Првата голема шанса за Пари Сен Жермен ја имаеше Мбапе кој влезе во 56. минута кога брзо се спушти до голот на Баерн, но Зомер го одбрани неговиот удар. Во продолжението од акцијата, Нејмар беше изблокиран, Мбапе ја внесе топката во мрежата, но беше офсајд.

иако Килијан Мбапе даде гол на девет минути пред крајот, но беше поништен за офсајд на Нуњо Мендеш во изградбата на акцијата.

Лионел Меси и Витиња потоа имаа две одлични шанси, кои не ги реализираа.

Во реваншот нема да настапи Павард кој заработи црвен картон во самиот финиш по стартот врз Меси на работ од шеснаесетте метри.

Треба да знаете
Последни објави